Голем инцидент на тренингот

Скандал во редовите на НБА шампионот: Дејмонд Грин нокаутирал соиграч!

Медиумите од САД пренесуваат за голем инцидент на тренингот на Голден Стејт, Дејмонд Грин и Џордан Пул имале расправија која ескалирала и завршила со физичка пресметка.

Проблеми во таборот на Голден Стејт на десетина дена пред почетокот на новата сезона, на последниот тренинг имало физичка пресметка помеѓу Дејмонд Грин и Џордан Пул.

Двајцата прво еден на друг се внеле в лице, но вербалната расправија за кратко ескалирала, Грин го нокаутирал Пол па што реагирале останатите присутни на тренингот и спречиле хаосот да биде поголем.

Дејмонд Грин веднаш се извинил, но го чека казна. Не е јасно зошто дошло до пресметка, медиумите пишуваат за „историја“ помеѓу двајцата кошаркари, кои водат преговори за нови договори.

Исто така се пишува дека соиграчите приметиле промени во однесувањето на Џордан Пул по информациите за нов богат договор. Тој ја одработува последната година од руки договорот според кој оваа сезона ќе заработи околу 3,9 милиони долари, а новиот договор кој треба да го добие ќе тежи околу 100 милиони.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе