Евробаскет 2022

Шпанија тргна со убедлива победа над Бугарија, БиХ славеше над Унгарија

Шпанија одигра исклучително ефикасен меч на стартот од Европското првенство во кошарка, ја победи Бугарија со 114-87, Босна и Херцеговина со одлична игра во третиот период ја совлада Унгарија со 95-85. 

Денеска стартуваше Евробаскетот 2022 кој се одржува во четири земји, Чешка, Грузија, Германија и Италија.
 
Првиот меч го одигра Шпанија која буквално ја прегази Бугарија и ја оправада улогата на фаворит. Тоа што беше карактеристично за овој меч е високата ефикасност.
 
Шпанците дадоа дури 114 поени, примија 87 што и не е малку, но црвената фурија повеќе беше фокусирана на нападот на овој меч.
 
Лоренцо Браун со 17 поени беше најефикасен во составот на Шпанија, Вили Хернангомез постигна 16, кај Бугарите убедливо најдобар беше Александар Везенков со 26 поени.
 
Многу понеизвесен беше мечот меѓу Босна и Херцеговина и Унгарија кој го добија Босанците со 95-85.
 
Унгарија водеше на полувремето со еден поен разлика, но БиХ третата четвртина ја доби со 28-17 и тоа се покажа како клучно за победата. До крајот на мечот само ја одржаа предноста од десет поени разлика.
 
НБА ѕвездата Јусуф Нуркиќ беше најефикасен во составот на Босна и Херцеговина заедно со Џанан Муса, и двајцата постигнаа по 19 поени, Џон Роберсон даде 18, кај Унгарците Бенке постигна 20.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе