Евробаскет 2022

Шпанија го победи домаќинот Германија и закажа дуел со Франција во финалето

Шпанија е вториот финалист на Евробаскетот откако вечерва во интересна пресметка славеше против домаќинот Германија со 96-91.

За Шпанија ова е петто финале во последните седум изданија на Евробаскетот, почнувајќи од ЕП на свој терен во 2007 година, а денеска Шпанците победија со извонредна одбрана и поради неверојатниот пад на Германците во завршните седум минути од мечот во кои дадоа само три поени (една тројка).

Германија пред крајот на третиот период имаше плус 10, а на почетокот на последната четвртина беа на плус седум (77-70) и тука застанаа. Шпанија направи неверојатна серија од 13-0 за да дојде до првата опиплива предност од плус шест (83-77) на четири минути пред крајот, а на 40-на секунди до крајот имаа и највисоки плус осум (88-80) откако Германците преку Обст во тие нешто повеќе од седум завршни минути дадоа само три поени.

Во последните 40-на секунди, Германија со две тројки се обиде да се врати во мечот, но сѐ беше предоцна зашто Шпанците знаеа како да го приведат мечот кон крајот и да слават ново финале.

Лоренцо Браун со 29 поени и шест асистенции беше предводник на Шпанците, од кои 11 во последната четвртина, а Вили Ернангомез даде 14 поени, додека Хуанчо Ернангомез додаде 11. Кај Германија, блескаше Денис Шредер со 30 поени и осум асистенции, но НБА ѕвездата беше претивок во последната четвртина во која даде само два поени. Обст и Вагнер погодија по 15 поени.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе