Сестрата на Пековиќ негира дека состојбата на нејзиниот брат е тешка: Тоа што се пишува не е точно

Сестрата на црногорскиот кошаркар, Никола Пековиќ преку социјалните мрежи негираше дека нејзиниот брат е во тешка состојба и е ставен на респиратор. 

Низ балканските медиуми се појави информација дека славниот црногорски кошаркар Никола Пековиќ се наоѓа во тешка состојба, води голема битка со ковид-19 и во моментов е на респиратор.
 
Но, преку својот инстаграм профил, сестрата на Пековиќ ги негира таквите информации. Вели дека нејзиниот брат е добар, има мало воспаление но ни одалеку како што се пишува.
 
„Луѓе, ова апсолутно не е вистина, не е на респиратор и не е лошо, во прашање е само мало воспаление на плуќа, ништо страшно. Ќе оздрави брзо“, напиша сестра му Јелена Вујошевиќ.
 
 

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе