Квалификации за СП 2023

Селекторот Драган Бајиќ ги одбра кошаркарите за јулските квалификации

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ објави список од 14 кошаркари за натпреварите против Шпанија и Украина во квалификациите за СП 2023. 

Македонските кошаркари на 1 јули гостуваат на селекцијата на Шпанија, а на 4 јули ја пречекуваме Украина.
 
Селекторот Бајиќ денеска го објави списокот, а на него од различни причини недостасуваат неколку важни играчи како Ненад Димитријевиќ, Дамјан Стојановски, Андреј магдевски, Џејков Вајли...
 
Првиот собир на кошаркарите ќе се случи на 25. јуни во Арената „Борис Трајковски“ каде ќе го играме дуелот со Украина.
 
Список на повикани кошаркари:
 
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
Адем Мекиќ – МЗТ Скопје Аеродром
Кристијан Николов – МЗТ Скопје Аеродром
Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – Пелистер
Андреј Маслинко – ТФТ
Страхил Николов - ТФТ
Виктор Ташовски – ТФТ
Виктор Ефремовски – Гостивар
Валмир Какруки – Работнички
Теодор Симиќ – Барселона-Шпанија
Андреј Јакимовски – Вашингтон Стејт (НЦАА-САД)
Рубин Стефанов – Италија
 
СЕЛЕКТОР: Драган Бајиќ
 

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе