Евролига фајнл-фор

Реал Мадрид ќе се бори за европската титула и во кошарка (ВИДЕО)

Реал Мадрид синоќа со 86-83 го доби кошаркарското класико кое се играше на фајнл-фор турнирот во Белград и се пласира во финалето на Евролигата каде ќе игра против Анадолу Ефес кој со 77-74 го совлада Олимпијакос. 

Исто како и во фудбал, Реал Мадрид и во кошарка ќе игра европско финале и ќе се обиде да дојде до најголемиот клупски трофеј.
 
Фајнл-фор турнирот од Евролигата се игра во Белград, а синоќа и двата натпревари беа исклучително интересни и неизвесни до самиот крај.
 
Реал Мадрид ја победи Барселона со 86-83. Миротиќ имаше одличен меч за Барса, беше најдобар на теренот со 26 поени и 12 скокови, но неговиот тим загуби. 
 
 
Анадолу Ефес со кош на Мициќ во последната секунда го победи Олимпијакос со 77-74.
 
 
Финалето меѓу Реал Мадрид и Анадолу Ефес се игра во сабота од 19 часот, три часа претходно е дуелот за третото место меѓу Барселона и Олимпијакос.
 

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе