Високиот комесар на ОН за човекови права Волкер Тирк денеска изјави дека е „згрозен“ од уништувањето на медицинските установи Насер и Ал Шифа во Газа и извештаите за откриени масовни гробници.
Тирк, обраќајќи се на брифинг во ОН преку портпаролот, исто така ги осуди израелските напади врз Газа во последните денови, во кои, како што рече, загинаа претежно жени и деца, пренесе Ројтерс.
Тој, исто така, го повтори предупредувањето против акцијата во Рафа, велејќи дека тоа може да доведе до „нови злосторства“.