Суперкуп на Македонија

Работнички немаше сили за чудо, МЗТ Скопје го освои Суперкупот

Во возбудлив меч со драматична завршница, МЗТ Скопје со 79-78 го совлада Работнички и стигна до трофејот од Суперкупот на Македонија.

Новата сезона во македонската клупска кошарка започна денеска, вечните ривали МЗТ Скопје и Работнички се сретнаа во Суперкупот. Во СРЦ „Кале“ со навивачи на трибините по пауза од година ипол, „штрковите“ славеа со 79-78 во возбудлив меч со драматична завршница.

Работнички парираше во првото полувреме, постојано беше во водство а добрата игра на „центарци“ траеше до почетокот на третиот период кога имаа водство од 36-42. Но тогаш МЗТ Скопје го подигна нивото, направи серија од 13-0 и стигна до предност од 49-42.

На стартот од последните 10 минути, МЗТ Скопје имаше и плус 14 (72-58) но тука како да застанаа и Работнички фати приклучок. „Центарци“ со серија од 12-0 најавија драматична завршница но немаа сили за чудо, а на спротивната страна беше расположениот Мекиќ, кој постигна неколку важни тројки, па на крајот „шткровите“ славеа со 79-78.

Адем Мекиќ со 27 поени беше најдобар поединец на мечот, од голема помош му беше Дамјан Стојановски со 16 поени.

Во редовите на Работнички, Недин Мустафица со 24 поени беше прв стрелец, Емерсон Џексон постигна 23 поени.

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе