АБА 2 лига

Прва победа за Пелистер во АБА2, битолчани ја понижија Сутјеска

Во второто коло од АБА2 лигата, Пелистер ја совлада Сутјеска со 20 поени разлика, 93-73, за битолскиот тим ова е прва победа на јадранот. 

Пелистер дебитираше со пораз од Ловќен од 85-108, но вечерва битолчани се покажаа во едно сосема друго издание и дојдоа до првиот триумф.
 
Македонскиот тим го контролираше речиси целиот тек на мечот, но пресудна беше третата четвртина кога го скршија противникот и го откажаа од шансата за победа, дојдоа до 20 поени разлика, а со таква предност ја заклучија и победата 93-73.
 
Трајковски и Малешевиќ со по 16 поени беа најефикасни во составот на Пелиистер, Хоутон постигна 14. Џабе Томашевиќ и Спасојевиќ заедно дадоа 43 поени за Сутјеска.
 

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе