Црногорецот води тешка битка со ковид-19

Поранешниот кошаркар на Минесота, Пековиќ се бори за живот, ставен е на респиратор

Славниот црногорски кошаркар кој играше за Партизан и Минесота, Никола Пековиќ е позитивен на ковид-19, неговата состојба е влошена до степен да бил ставен на респиратор. 

34-годишниот Пековиќ уште пред две недели е хоспитализиран во болница во Подгорица откако бил позитивен на ковид-19 со симптоми.
 
Неговата состојба наеднаш се влошила, бил ставен на респиратор и води тешка битка за неговиот живот.
 
Пековиќ седум години од својата кариера ги помина во НБА, во тимот на Минесота каде што се пензионираше на 31 година, претходно настапуваше за Партизан и Панатенаикос.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе