Евробаскет 2022

Полска ја победи Украина и закажа четвртфинале со Словенија

Полска и Украина одиграа неизвесен меч, полските кошаркари беа подобри во финишот и на крајот победија со 94-86 за пласман меѓу осумте најдобри на турнирот. 

Украина беше благ фаворит во овој меч, но Полска го доби. Натпреварот беше неизвесен, и двете селекции се менуваа во водството, а крајот им припадна на Полјаците кои победија со 94-86.
 
Слотер со 24 поени беше најефикасен во составот на Полска, Понитка даде 22. Кај Украина, Бобров реализираше 15.
 
Во четвртфиналето Полска ќе игра против Словенија која синоќа беше подобра од Белгија.
 

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе