Тажна вест од Белград

Почина легендарниот кошаркарски тренер, Душан Дуда Ивковиќ

Легендата на југословенската, српската и европската кошарка, Душан Дуда Ивковиќ почина на 78-годишна возраст. 

Тажна вест доаѓа од Србија, утринава во белградска болница починал Душан Дуда Ивковиќ.
 
„За жал останавме без Дуда Ивковиќ. Тој почина во 6:50 часот утрово во болница во Белград како последица на вода во белите дробови“, ја информираше јавноста Горан Калиниќ, првиот човек на Раднички.
 
Душан Ивковиќ е роден на 29 октомври 1943 година. Како играч настапуваше само за Раднички, но вистинската слава ја стекнува како тренер. Ги водеше екипите на Партизан, Арис, Раднички, ПАОК, Паниониос, Олимпијакос, АЕК, Анадолу Ефес, ЦСКА Москва... беше селектор и на Југославија и на Србија.
 
Со Олимпијакос двапати стана шампион на Европа, последниот пат кога ја покори Европа во составот го имаше и нашиот Перо Антиќ.
 
Во секоја земја каде што беше тренер освојуваше домашни трофеи, беше прогласуван и за најдобар европски тренер, а кариерата ја заврши во 2016 година.

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе