четврток, 18 април 2024
Познат е распоредот за ЕП во ракомет жени

Европското првенство го почнуваме против Шведска

Македонската женска ракометна репрезентација ги дозна противниците за Европското првенство кое пред крајот на годината се игра во Австрија, Унгарија и Швајцарија, а сега е познат и распоредот на натпревари.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија се падна во Групата А каде се уште и Унгарија, Шведска и Турција. Натпреварите од нашата група ќе се играат во Фокс Арената во Дебрецин.

Првиот натпревар на ЕП го играме против Шведска на 28. ноември, два дена подоцна ќе се сретнеме против Турција, а последен меч во групната фаза ни е дуелот со домаќинот, Унгарија, средба која е закажана за 2. декември.

Првите две репрезентации од групата продолжуваат во следната рунда, вторите две си одат дома.

Распоред на натпревари за ЕП 2024:
28. ноември – Македонија – Шведска
30. ноември – Македонија – Турција
02. декември – Македонија – Унгарија

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ