Покрај Партизан, дополнително место добива и Валенсија, овие две екипи се единствените кои се пријавиле за пополнување на местата од ЦСКА Москва и Зенит.
Поради војната во Украина, руските екипи нема да играат во Евролигата, па нивното место ќе го заземат екипите на Партизан и Валенсија.
Тоа значи дека Партизан и Црвена звезда покрај дуелите во АБА лига и српките натпреварување, следната сезона ќе имаат дуел и во Евролигата.
За нас посебно добра вест е играњето на Валенсија во Евролигата бидејќи нејзин член е македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ.