Прва лига

Одложено 4. коло во машката кошаркарска Прва лига

Кошаркарската федерација на Македонија информираше дека колото закажано за 11 ноември ќе биде преместено за три дена подоцна. 

„Ве известуваме дека 4. коло од Првата лига-мажи, закажано за 11.11.2020 година СЕ ОДЛОЖУВА поради настап на екипите на КК Работнички и КК МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата, настап на екипите на КК Куманово 2009 и КК ТФТ во БИБЛ лигата и излегувањето од изолацијата на екипите на КК Вардар и КК Пелистер на кој им е потребен одреден временски период за подготовка за следните натпревари.
 
Колото број 4 се презакажува за 14.11.2020 година, а останатите првенствени кола од Првата лига-мажи се поместуваат“, стои во соопштението на КФСМ.

МОН најавува реформи во образовниот систем. Се разбира, реформите ги чекаме со нетрпение, но во насока на суштински измени, а не избрзани одлуки, копирање туѓи идеи и нивно вадење од контекст неприменлив во нашата средина, како и повторно експериментирање со децата.

повеќе

Ве молам потрошете малку време и погледајте кои закони не може да се донесат, ако за нив не даде амин Али Ахмети.

повеќе

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе