Партизан создаде предност од 16 разлика во првата четвртина, остатокот од натпреварот беше рамноправен, МЗТ Скопје по лошиот почеток почна да игра, но момците на Жељко Обрадовиќ без поголем проблем дојдоа до победата.
„Сакам да се заблагодарам до навивачите за прекрасната атмосфера која ја направија, беше убаво да се игра кошарка тука. Ние од самиот старт тргнавме агресивно и создадовме предност која се покажа како решавачка. Водството го одржавме до крајот. За мечот со МЗТ Скопје се подготвувавме сериозно, така се подготвуваме и за секој друг натпревар. Рано е за било какви прогнози, одиграни се само две кола, но МЗТ Скопје покажа дека се бори до самиор крај, дека не се предава и само на тој начин треба да се игра“, вели Обрадовиќ.