По поразот од Црвена звезда во првото коло, МЗТ Скопје денеска има нов тежок предизвик, дуел со вториот најсилен тим во АБА лигата, Партизан.
Црно-белите се предводени од легендарниот Жељко Обрадовиќ, а тоа треба да биде мотив повеќе и за кошаркарите на МЗТ Скопје да одиграат добар натпревар.
„Имаме голема почит кон екипата на МЗТ Скопје. Знаеме дека тие ќе имаат голема желба во првиот натпревар пред своите навивачи оваа сезона да одиграа добро. Ние треба да истрчаме на теренот со максимална концентрација и да одиграме на ниво потребно за победа“, вели Жељко Обрадовиќ.