Мајами и Филаделфија одлично си ја вршат домашната задача во полуфиналната серија во нивните конференции во НБА лигата.
Мајами немаше многу проблеми да слави и по вторпат против Филаделфија, водеше во текот на целиот меч и на крајот победи со 119-103.
Адебајо постигна 23 поени, имаше и девет скокови, Батлер реализираше 22 поени, имаше и 12 асистенции. Во составот на Филаделфија најдобар беше Максеј со 34 поени.
Далас имаше водство во првото полувреме против Феникс, но работите драстично се променија во вториот дел па домаќини славеа со 20 поени разлика, 129-109.
Лука Дончиќ беше најдобар на теренот со 35 поени, но повторно изостана поддршката од останатиот дел од тимот. Во победничкиот состав на Феникс, Букер постигна 30 поени, Крис Пол реализираше 28.
Резултати:
Мајами - Филаделфија 119:103 (2-0)
Феникс - Далас 129:109 (2-0)