НБА

Нов „трипл-дабл“ на Харден, порази на Кливленд и Сан Антонио (ВИДЕО)

Џејмс Харден имаше уште една фантастична партија со која го предводеше Хјустон до победа над Шарлот, шампионот Кливленд доживеа пораз на гостувањето кај Јута, а Сан Антонио загуби дома од Милвоки.

Џејмс Харден и Расел Вестбрук се двајцата најдобри кошаркари во досегашниот дел од сезоната во НБА. Ноќеска свое што имаше играчот на Хјустон.
 
„Брадата“ постигна 40 поени, имаше 15 скока и 10 асистенции, а Хјустон со 121:114 го победи Шарлот.
 
 
Неочекуван пораз доживеа шампионот Кливленд на гостувањето кај Јута со 100:92. Леброн Џејмс беше најефикасен со 29 поени.
 
Изненадување направи и Милвоски кој со 109:107 славеше на гостувањето кај Сан Антонио.
 
Резултати:
 
Вашингтон - Чикаго 101:99
Бруклин - Атланта 97:117
Торонто - Бостон 114:106
Хјустон - Шарлот 121:114
Сан Антонио - Милвоки 107:109
Јута - Кливленд 100:92
Голден стејт - Мајами 107:95
ЛА Лејкерс - Портланд 87:108
Сакраменто - Детроит 100:94

Помина 28-ми април во уште едно потсетување, дека пред 16 години од заседа кај Вејце ѕверски беа мачени и убиени осуммина македонски бранители во најкрвавиот и најбрутален масакар во поновата македонска историја.

повеќе

Во ситуација кога политичките опции се толку спротивставени, останува да се формира едно тело/одбор составено од врвни, независни и непристрасни луѓе.

повеќе

Доколку и се избере влада на РМ без формално определен мандатор Уставниот суд на РМ нема да има правна можност за никаква интервенција.

повеќе