Далас по подолго време врза две победи, по триумфот над Њујорк, сега го победија и одличниот состав на Феникс.
Од почетокот на сезоната Лука Дончиќ игра во МВП форма, таков беше и синоќа кога на Феникс му даде 33 поени и беше најзаслужен за триумфот на Далас. Динвиди постигна 21 поен.
Најефикасен во составот на Феникс беше Ајтон со 20 поени, скромен учинок имаше Букер, само 11 поени.
Резултати:
Шарлот - ЛА Клиперс 117:119
Орландо - Милвоки 102:109
Атланта - Оклахома 114:121
Торонто - Бостон 110:116
Хјустон - Филаделфија 132:123
Мемфис - Мајами 101:93
Далас - Феникс 130:111
Голден стејт - Индијана 104:112