АБА 2 лига

Неславно деби на Работнички, дебакл на стартот од сезоната во АБА2 лигата

Работнички загуби со 29 поени разлика во своето деби на Јадранот, Студентски центар од Црна Гора го преслуша нашиот тим со 98:69. 

Студентски центар кој важи за втор тим на Будуќност буквално го прегази Работнички на стартот од новата сезона во АБА2 лигата.
 
Ништо не наговестуваше дека Работнички може доживее толку убедлив пораз, тимот на Димитар Мираковски беше солиден во претходните натпревари од домашното првенство, па се очекуваше да биде достоен противник на црногорскиот тим.
 
Но тежината на дебито можеби имаше влијание за убедливиот пораз. Најцрниот период се случи во финишот на втората и почетокот на третата четвртина кога Студентски центар направи серија од 19-2, поведе со 54-33 и до крајот само ја одржуваше предноста за на крајот да победи со конечни 98:69.
 
Вашингтон со 17 поени беше најефикасен кај Работнички, Николовски постигна 16, а двоцифрен беше и Враговиќ со 11 поени. Најдобар кај Студентски центар беше Андрија Славковиќ со 18 поени.
 
Следниот натпревар на Работнички е во четврток против Подгорица, која утре го игра својот прв меч од новата сезона и тоа против МЗТ Скопје.

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе