Историски меч во Евролигата меѓу двата вечни ривала

Недовиќ со тројка на две секунди до крајот го сруши Партизан, голема победа на Црвена звезда (ВИДЕО)

Денешното дерби меѓу Партизан и Црвена звезда беше историско бидејќи двата големи ривали за првпат се сретнаа во меч од Евролигата, на крајот во драматичен финиш црвено-белите се радуваа на победа од 73-76. 

Атмосферата во белградската „Штарк“ Арена беше фантастична, Партизан имаше неверојатна поддршка од својата публика, но на крајот таа разочарана ја напушти салата.
 
Натпреварот беше рамноправен, екипите имаа свои периоди и се менуваа во водство. Првата четвртина му припадна на Партизан кој играше фантастична одбрана, 20-11 беше по првите десет минути. Но работите се сменија во вториот период кога Обрадовиќ го смени тимот. Црвена звезда комплетно го сврте мечот и на одморот замина со водство од 40-33.
 
Во второто полувреме Партизан повторно заигра на високо ниво, го врати водството, а на две ипол минути до крајот имаше и шест поени предност 71-65. Но до крајот на мечот постигна само два поени, а Црвена звезда девет. Недовиќ на две секунди до крајот погоди тројка за победа од 73-76.
Најефикасен во составот на Црвена звезда беше токму Недовиќ кој постигна 20 поени, Вилдоза реализираше 14, двоцифрен беше и Петрушев со десет поени. Кај Партизан, Пантер постигна 15 поени, Мадар 14, Папапетру 13.
 
Ова беше четврти пораз по ред за Партизан во Евролигата, а Црвена звезда реди само победи откако Ивановиќ седна на нивната клупа.
 
Резултати Евролига:
 
Алба - Фенербахче 75:104
Панатенаикос - Милано 90:77
Макаби Тел Авив - Валенсија 84:68
Партизан - Црвена звезда 73:76

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе