Сите од златната генерација на Чикаго имаат по некоја случка со Денис Родман, а својата сега ја раскажа и Тони Кукоч.
„Излегување со Родман е посебна приказна, не можев да го следам неговиот ритам. По забава со него ми беа потребни од 7 до 10 дена да се опоравам“ – вели Хрватот.
„Еднаш бевме излезени јас, Родман и уште двајца. Само што влеговме, тој нарача 40 чаши вотка и 10 пива. Го прашав дали ќе дојдат уште луѓе, а тој ми одговори со НЕ и ми рече дека бил многу важно барот да остане отворен. Таа вечер, сите луѓе кои беа во барот пиеја и јадеа на сметка на Родман“.