АБА лига

МЗТ загуби убедливо но не се посрамоти на гостувањето кај Црвена звезда

МЗТ Скопје со пораз ја започна новата сезона во АБА лигата, „штрковите" вечерва загубија на гостувањето кај Црвена звезда со 87-67.

МЗТ Скопје ја започна авантурата во АБА лигата со пораз на гостувањето кај Црвена звезда, епилог кој беше очекуван со оглед на тоа дека „штрковите“ против себе го имаа актуелниот шампион во регионалното натпреварување и учесник во Евролигата.

Клубот од Аеродром беше инфериорен само во втората четвртина која противникот ја доби со 26-13 и се одлепи на убедливи плус 17 на крајот од првото полувреме (39-22).

Во третиот период, Црвена звезда направи серија од 14-2 и дојде до највисоки +27, но ниту тоа не ги исплаши момците во сино-бело, кои погодија неколку тројки во низа и ја спуштија разликата под 20 поени.

Последните десет минути минаа во наизменично поентирање на двете екипи па конечниот резултат на табелата гласеше 87-67.

В. Стојановски со 17 поени, Бојан Крстевски со 14 и Миќовиќ со 12 поени беа најпрецизните кај МЗТ Скопје на вечерашната средба.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе