МЗТ Скопје ја оправда улогата на фаворит го победи ТФТ и по петти пат го освои Суперкупот на Македонија.
Тимот од Аеродром имаше одлично отворање на мечот, уште во првата четвртина направи 15 поени разлика, 29-14. Вториот период беше изедначен, но ТФТ само за два поени успеа да намали, на одморот се замина со 47-34.
Во вториот дел ТФТ влезе многу посериозно, на два и пол минути до крајот дојде на само -5, но потоа следуваше шоу на МЗТ Скопје по кое на крајот славеа со убедливи 100-82.
Мицовиќ со 27 поени беше најдобар, Кофеј и Дамјан Стојановски постигнаа по 18 поени, двоцифрен беше и Војдан со 11 поени. Во составот на ТФТ, Андерсон постигна 20 поени, Николов 19.