По трите порази по ред, МЗТ Скопје се израдува на триумф во јадранската лига, македонскиот тим одигра одличен тимски меч, дури седум кошаркари имаа двоцифрен број на поени.
Мега водеше во најголемиот дел од првата четвртина, но МЗТ Скопје го сврте резултатот и дојде до предност. Голема и неизвесна беше борбата во вторите десет минути, на одморот се замина со предност на македонскиот тим од 40-38.
До крајот на мечот МЗТ Скопје го држеше водството, аеродромци особено беа одлични во финишот кога им одеше буквално сè. Конечниот резултат беше 94-82.
Најефикасен во составот на МЗТ Скопје беше Ајви со 15 поени, Кефи постигна 14, Војдан Стојановски реализираше 12, по 11 имаа Буршаќ и Дамјан Стојановски, а двоцифрени со 10 поени беа Крстевски и Мичовиќ. Во тимот на Мега МИС, најдобри беа Бранковиќ и Ѓуришиќ со по 18 поени.