По пауза од четири години, МЗТ Скопје забележа победа во АБА лигата, вечерва на домашен терен „штрковите“ славеа во пресметката против Студентски Центар.
Првото полувреме беше изедначено, шампионот на Македонија на пауза замина со еден поен разлика откако Кафи погоди тројка со звукот на сирената.
Избраниците на Петровиќ фуриозно го започнаа второто полувреме, па стигнаа до +12 (60-48) и креираа опиплива предност која потоа рутински ја сочуваа до крајот за триумф од 92-79.
Мајкл Кафи со 22 поени и 7 асистенции беше лидер на МЗТ Скопје на денешниот натпревар, Дамјан Стојановски постигна 14 поени, Југитоглу и Миќовиќ реализираа по 13 поени, а двоцифрен учинок имаше и Војдан Стојановски.