Најмладиот кошаркар во репрезентацијата на Македонија

Митревски: Возбуден сум, ова е шанса што не ја добива секој

Андреј Митревски е најмладиот играч во сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија, тој вели дека е подготвен за предизвикот и ветува дека ќе ја искористи шансата што ќе ја добие. 

17-годишниот Митревски, кој е член на Феникс 2010, но игра како позајмен во прволигашот ТФТ, доби повик од селекторот Тодоров за претстојните мечеви во квалификациите.
 
Андреј Митревски е возбуден поради шансата и ветува дека ќе даде сѐ од себе за да се докаже и да ѝ помогне на репрезентацијата.
 
„Повикот во репрезентацијата го гледам како голем поттик за понатаму. Фактот дека за прв пат треба да бидам дел од оваа селекција значи многу за мене. Тоа ми е уште поголем мотив да работам напорно во животот“, вели Митревски.
 
„Нормално е дека сум подготвен, оваа шанса не ја добива секој, и не се добива секогаш. И затоа и морам да ја искористам“.
 
„Го одработуваме првиот тренинг и навистина сум многу сум возбуден. Искрено се надевам дека ќе дадам сѐ од себе на тренинзите, па ќе видиме што ќе направиме понатаму“.

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе