Главната ѕвезда на Мемфис, Џа Морент поради повреда е надвор од стројот, но без него не само што го победија Голден стејт, туку и го понижија.
Славеа со неверојатни 39 разлика, 134-95. Одиграа тимски, дури тројца кошаркари на Мемфис имаа по 21 поен, Бејн, Џексон и Џонс. Најдобар кај Голден стеј беше Томпсон со 19 поени, Кари реализираше 14.
Но и покрај овој пораз, Голден стејт останува фаворит за пласман во конференциското финале, а до него може да дојде веќе на следниот меч кој го игра на свој терен.
Бостон водеше во текот на целиот меч против Милвоки, во текот на последната четвртина имаа и 12 поени предност и успеаа да ги прокоцкаат. Гостите подобро се снајдоа во финишот и дојдоа до победа од 110-107.
Адетокумбо постигна 40 поени, имаше и 11 скокови. Најдобар кај Бостон беше Тејтум со 34 поени.
Милвоки ја врати предноста и веќе во следниот меч на свој терен може да го елиминира Бостон.
Резултати:
Бостон - Милвоки 107:110 (2-3)
Мемфис - Голден стејт 134:95 (2-3)