НБА

Мареј со тројка во последната секунда донесе победа на Денвер, дабл-дабл за Јокиќ (ВИДЕО)

Портланд и Денвер одиграа меч со драматичен финиш кој го добија Нагетс со тројка на Мареј во последните мигови од средбата, на Никола Јокиќ му недостасуваше една асистенција за трип-дабл. 

Крајно неизвесен беше мечот меѓу Портланд и Денвер, двете екипи се менуваа во водство, а најголемата предност ја имаа домаќините, 11 разлика во текот на третата и почетокот на четвртата четвртина.
 
Но Денвер победи благодарение на тројка на Мареј во последните секунди од натпреварот. Конечниот резултат беше 121-120 за Нагетс.
Никола Јокиќ беше блиску до трип-дабл, постигна 33 поени, имаше десет скокови и девет асистенции. Мареј реализираше 21 поен. Најдобар на теренот беше ѕвездата на Портланд, Лилард кој постигна 40 поени, имаше и 12 асистенции.
 
 
Резултати:

Мајами - ЛА Клиперс 115:110
Сан Антонио - Хјустон 118:109
Портланд - Денвер 120:121

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе