Квалификации за ЕП 2022

Македонските кошаркари се враќаат од Талин, против Италија и Естонија ќе играме во февруари

Во македонската кошаркарска репрезентација се појавија нови случаи на ковид-19, па одложен е и утрешниот натпревар против Естонија, КФСМ потврди дека мечевите ќе ги играме во февруари. 

Македонските кошаркари од Талин се враќаат без ниту еден одигран меч од планираните два. Се појавија позитивни случаи на ковид-19 во нашата репрезентација, најпрво беше одложен мечот со Италија, а откако на последното тестирање се зголеми бројот на заразени, се одложи и дуелот со Естонија.
 
Од Кошаркарската федерација на Македонија информираат дека овие два дуели ќе бидат одиграни во февруари кога има нов прозорец за одигрување на репрезентативни натпревари.
 
Меѓународната кошаркарска федерација, ФИБА, земајќи ја предвид новонастанатата ситуација со особено внимание на безбедноста на сите учесници и спречување на понатамошно ширење на вирусот донесе одлука да ги одложи двата натпревара кои нашите репрезентативци требаше да ги одиграат вчера односно утре.
 
Па така, сениорите ќе се вратат од Естонија без да настапат, а натпреварите против соодветната репрезентација на Италија односно Естонија ќе бидат одиграни за време на третиот и финален прозорец од овој евроквалификациски циклус, предвиден да се одигра во уште еден балон во февруари идната година“, стои во соопштението на КФСМ.

Ве молам потрошете малку време и погледајте кои закони не може да се донесат, ако за нив не даде амин Али Ахмети.

повеќе

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе