Мајами е првиот патник во конференциските финалиња откако со 4-2 ја доби пресметката со Филаделфија. Синоќа одиграа одличен меч и славеа со 99-90.
Најдобар во победничкиот тим беше Батлер со 32 поени, кај Филаделфија Ембид и Максеј постигнаа по 20.
Далас со убедливи 113-86 го победи Феникс и израмни на 3-3. Решавачкиот меч ќе го игра на теренот на противникот.
Лука Дончиќ беше најдобар на теренот со 33 поени, 11 скокови и осум асистенции. Во составот на Феникс, Ајтон постигна 21 поен, имаше и 11 скокови.
Резултати:
Филаделфија - Мајами 90:99 (2-4)
Далас - Феникс 113:86 (3-3)