НБА

Мајами ја доби првата финална битка на истокот против Бостон (ВИДЕО)

Мајами Хит и Бостон Селтикс ја почнаа војната на истокот со одличен и неизвесен меч кој беше решен по едно продолжение. Мајами победи со 117:114. 

Бостон одлично влезе во натпреварот, ја доби првата четвртина со 26:18, но потоа Мајами визврати со иста мера па на одморот се отиде со нерешени 55:55. 
 
Слично беше и во вториот дел, Бостон третата четвртина ја доби со дури 12 поени разлика, но со исто толку Мајами беше подобар во последната, па продолжението го решаваше победникот.
 
Потегот на вечерта го имаше Адебајо кој на две секунди пред крајот имаше страшна блокада врз Тејтум кој се обиде да забие. На крајот Мајами победи со 117:114 и поведе со 1-0 во финалната серија на истокот.
Драгиќ беше фантастичен со 29 поени, Краудер постигна 22, Батлер 20, а Адебајо 18, Хироу беше одличен, му фалеше една асистенција за трипл-дабл, мечот го заврши со 12 поени, 11 скокови и девет асистенции. 
 
Во составот на Бостон, Тејтум постигна 30 поени, имаше и 14 скокови, Смарт изненади со реализација на 26 поени.
 

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе