НБА

Мајами ја доби и втората битка против Бостон (ВИДЕО)

Кошаркарите на Мајами Хит одиграа уште една блескава партија, се вратија од 17 поени негатива и го победија Бостон со 106:101 со што поведоа во финалната серија на истокот со 2-0. 

Бостон и овој пат подобро го започна мечот, на полувремето Селтикс имаа предност од 60:47. Претходно во втората четвртина имаа предност и од највисоки 17 поени разлика, но сето тоа исчезна во третиот период.
 
Во третата четвртина Мајами одигра маестрално, го доби периодот со 37:17 и дојде до водство кое не го испушти до крајот на мечот.
 
Драгиќ со 25 поени беше најефикасен, Адебајо имаше уште една одлична партија со 21 поен и десет скокови, а Батлер иако постигна само 14 поени беше еден од најзаслужните за победата, особено со играта во последната четвртина.
 
Во составот на Бостон, Кемба Вокер постигна 23 поени, Тејтум реализираше 21 поен со само пет скока, Мајами играше одлична одбрана над него.
 
Ноќеска во три часот по полноќ започнува и финалето на западот во кое играат ЛА Лејкерс и Денвер.
 

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе