Иако во регуларниот дел беа само петти на истокот, Мајами Хит со фантастична игра во плеј-офот стигнаа до големото финале во НБА.
Синоќа одиграа уште еден тесен меч против Бостон кој го добија во самиот финиш кога направија неверојатна серија од 21:4, губеа со 100:98, па водеа со 119:104, до крајот само рутински ја сочуваа предноста за победа од 125:113.
Ѕвезда на мечот беше Бем Адебајо кој постигна 32 поени, имаше и 14 скокови, Батлер реализираше 22, Драгиќ имаше 13. Во составот на Бостон, Браун беше најефикасен со 26, Тејтум постигна 24.