МЗТ Скопје потврди дека го раскинале договорот со Андреј Магдевски.
„Во ростерот на МЗТ Скопје Аеродром во продолжение од сезоната ќе го нема Андреј Магдевски, со кого денеска е постигнат спогодбен раскин на договорот, кој беше со важност до 2024 година“, стои во соопштението на клубот.
„Плејмејкерот минатото лето дојде во нашиот клуб од романскиот тим Плоешти, но по неколку месеци од новата сезона изрази желба за промена на локацијата. Во неколку долги разговори со кошаркарот, дојдовме до заеднички заклучок дека во моментов најдобро за двете страни е да се прекине соработката и да му се овозможи да најде средина во која ќе може уште подобро да се снајде и искаже“.
Легенда под Главна слика
Фото: МЗТ Скопје