Втор меч во квалификациите за СП и втор убедлив пораз на Македонија. Во поголем дел од денешниот меч не изгледаше дека натпреварот ќе има таков крај, но Украина нè потпи во последниот период и на крајот домаќините победија со 17 поени разлика.
Во првото полувреме постојано водевме, имвме и осум поени предност (23-31), но по одморот почнавме да тонеме. Украина првото водство го имаше по неколку минути во третата четвртина и отогаш се беше во нивен знак.
Во последниот период одигравме катастрофална одбрани, за десет минути примивме дури 29 поени и на крајот загубивме со убедливи 78-61.
Во нашата репрезентација најфеикасен беше Крстевски со 14 поени, Вајли постигна 12, двоцифрен беше и Мекиќ со 10. Кај Украина најдобар беше Пустови со 18 поени.
Следните квалификациски натпревари на Македонија при крајот на февруари.