Мајами за овој дуел не можеше да смета на двајца од своите најдобри играчи, Бем Адебајо и Горан Драгиќ поради повреди го пропуштија овој меч, тоа само ја олесни задачата на Лејкерс.
Лејкерс водеше во теко на целиот меч, во голем дел предноста беше двоцифрена, неколку пати таа изнесуваше највисоки 18 поени разлика. Конечниот резултат беше 124:114.
Леброн Џејмс и Ентони Дејвис заедно постигнаа 65 поени. Леброн реализираше 33, Дејвис 32. Во составот на Мајами, Батлер беше најефикасен со 25 поени, имаше и 13 асистенции.