НБА

Лејкерс по трет пат го победи Мајами и дојде на чекор до титулата (ВИДЕО)

Во еден неизвесен и исклучително борбен меч Лос Анџелес Лејкерс го победи Мајами со 102:96 и поведе со 3-1 во финалната серија. 

Лос Анџелес Лејкерс е на една победа до шампионската титула откако и по трет пат го победи Мајами, овој пат со шест поени разлика.
 
Адебајо се врати во составот на Мајами, но Драгиќ не можеше, остана на клупата за резерви во тага затоа што не може да им помогне на своите соиграчи.
 
Натпреварот беше изедначен, двете екипи се менуваа во водство, а ниту една не дојде до двоцифрена предност. Подобар финиш имаше Лејкерс и на крајот заслужено дојде до победата од 102:96.
 
Леброн Џејмс имаше лошо прво полувреме, но се разигра во вториот дел и на крајот беше најдобар на теренот, постигна 28 поени, имаше 12 скокови и осум асистенции, Дејвис имаше 22 поени и 10 асистенции.
 
Кај Мајами, Батлер постигна 22 поени, имаше и десет скокови и девет асистенции, Хироу постигна 21 поен, Робинсон 17, Адебајо 15.
 

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе