НБА

Лејкерс одиграа во чест на Коби и по третпат го победија Портланд (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс со 135:115 го победи Портланд и поведе со 3-1 во серијата, овој меч езерџиите го играа во чест на Коби Брајант, носеа и посебни дресови. 

Судбината сакаше овој натпревар на Лејкерс да се игра на 24. 8., тоа се двата броја кои Коби Брајант ги носеше, па играчите овој меч му го посветија нему.
Интересно во еден момент, на семафорот за резултатот беа токму тие бројки, Лејкерс имаше водство од 24-8.
Лејкерс убедливо го добија мечот, водеа во текот на целиот натпревар. Леброн Џејмс со 30 поени и 10 скока беше најдобар на теренот, Дејвис и Кузма постигнаа по 18 поени. Кај Портланд најдобар беше Нуркиќ со 20 поени и 13 скокови.
 
 
Мајами се пласира во полуфиналето на Истокот откако со 99:87 го доби четвртиот меч против Индијана. Драгиќ со 23 поени беше најдобар кај Мајами, Оладипо постигна 25 за Индијана.
 
 
Оклахома доби уште еден натпревар против Хјустон, овој пат победи со 117:114 и изедначи на 2-2 во серијата. 
 
Џејмс Харден со 32 поени и 15 асистенции беше најдобар на теренот, но неговиот учинок беше недоволен за да се избегне пораз. Кај Оклахома, Шрудер со 30 поени беше најефикасен, Пол постигна 26.
 
 
Милвоки дојде до уште еден лесен триумф над Орландо, победи со 121:106 и поведе со 3-1 во серијата. Адетокумбо постигна 31 поен имаше и 15 скокови. Кај Орландо Вучевиќ постигна исто така 31 поен, имаше и 11 скокови.
 
 
Резултати:
 
Орландо - Милвоки 106:121 (1-3)
Оклахома - Хјустон 117:114 (2-2)
Мајами - Индијана 99:87 (4-0)
Портланд - ЛА Лејкерс 115:135 (1-3)

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе