НБА

Лејкерс моќно тргна во големото финале, убедлива победа во првиот меч над Мајами (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс со 116:98 го победи Мајами Хит во првиот натпревар од финалната серија, триумфот можеше да биде и многу поубедлив. 

Кошаркарите на Лејкерс покажаа дека се фаворити во финалната пресметка против Мајами откако моќно го совладаа противникот.
 
Мајами одлично го почна мечот, имаше водство од 25:12 но тоа брзо почна да се топи, не само што Лејкерс го свртеа натпреварот туку во третата четвртина неколку пати водеа и со 30 поени разлика.
 
Откако беше јасно кој ќе биде победникот, Лејкерс влегоа во опуштена завршница и му дозволија на противникот да намали, конечниот резултат беше 116:98.
 
На Леброн Џејмс му фалеше една асистенција за трипл-дабл, имаше 25 поени, 13 скокови и девет асистенции, Ентони Дејвис беше најефикасен со 34 поени. Во составот на Мајами, Батлер постигна 23 поени, Адебајо уфрли само осум, Драгиќ беше уште полош, постигна шест.
 

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе