НБА

Лејкерс и Милвоки се пласираа во конференциското полуфинале, Хјустон ја врати предноста со Оклахома (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс со 131:122 го совлада Портланд и се пласира меѓу најдобрите на западот, Милвоки го направи истото на истокот откако со 118:104 беше подобар од Орландо, Хјустон поведе со 3-2 против Оклахома откако победи убедливо со 114:80. 

Ентони Дејвис и Леброн Џејмс го предводеа Лејкерс до четвртата победа во серијата со Портланд, овој пат славеа со 131:122.
 
Дејвис со 43 поени беше најефикасен на мечот, а Леброн Џејмс запиша трипл-дабл со учинок од 36 поени, 10 скокови и 10 асистенции. Во составот на Портланд најдобар беше Мекалум со 36 поени.
 
 
Милвоки со 118:104 го победи Орландо, ја доби серијата со 4-1 и се пласира во полуфиналето на истокот каде што ќе игра против Мајами.
 
Адетокумбо со 28 поени и 17 скокови беше предводникот за Бакс во синоќешната победа, кај Орландо најдобар беше Вучевиќ со 22 поени и 15 скокови.

Хјустон со убедливи 118-104 ја победи Оклахома и поведе со 3-2 во серијата. Џејмс Харден постигна 31 поен за ракетите, на спротивната страна Шрудер реализираше 19.
 
Победникот од серијата меѓу Хјустон и Оклахома ќе игра против Лејкерс.
 
 
Резултати:
 
Милвоки - Орландо 118:104 (4-1)
Хјустон - Оклахома 114:80 (3-2)
ЛА Лејкерс - Портланд 131:122 (4-1)

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе