Актерот е скршен од болка како и сите други

Легендарниот Џек Николсон се потсети на првата средба со Коби Брајант: Мислеше дека сум луд

Најпознатиот навивач на ЛА Лејкерс, актерот Џек Николсон вели дека вестите за смртта на Коби Брајант се ужасни и жали што повеќе нема да може да разговара со миленикот на „езерџиите".

Џек Николсон има освоено три оскари, важи за еден од најголемите актери во историјата, но денеска тој е само обичен навивач на ЛА Лејкерс, скршен од болка по трагичната смрт на миленикот Коби Брајант.

„Мојата реакција е иста како и на сите останати во Лос Анџелес. Се беше солидно, цврсто и одеднаш се појави голема дупка во собата. Толку бев навикнат на средбите и разговорите со него... ова ме убива. Едноставно се работи за ужасен настан“ - вели Џек Николсон, кој од првиот ред стравствено ги бодри „езерџиите“.

„Беше голем играч. Првиот пат кога се сретнавме се пошегував со него. Се сретнавме во Њујорк (Медисон Сквер Гарден), му подадов топка и го прашав дали сака да му дадам автограм. Ме погледна чудно и мислеше дека сум луд“.

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Ако сте скијач или бордер, зима, планина, снег, сонце и чист воздух веднаш ве асоцираат на авантура и хедонизам. Физичка активност, радост и умствено опуштање.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе