Претквалификации за СП 2025

Крстевски: Не смееме да ги потцениме Данска и Норвешка

Еден од најискусните македонски членови на кошаркарската репрезентација, Бојан Крстевски предупредува дека не смеат да се потценат Данска и Норвешка во претквалификациите иако не се атрактивни имиња во кошарката. 

Македонските кошаркари ги почнаа подготовките за претквалификациите, во група сме со Словачка, Данска и со Норвешка. Само првото место носи директно во квалификациите, а останатите ќе треба уште да разигруваат.
 
„Пред се, имаме некои дваесетина дена, од кои седум во Маврово, добро да се подготвиме и да влеземе во натпреварувачки ритам. Екипата сега е малку повеќе комплетна во однос на претходно, имаме и нов селектор со кого добро се познаваме. Имаме еден контролен меч со Црна Гора, кој ќе биде најава за двата претквалификациски дуели“, вели Крстевски.
 
Пред нас во текот на овој месец се и првите два натпревари од вториот круг на претквалификациите. Оние против селекциите на Данска и на Словачка.
 
„Се надевам дека ќе ги минеме овие претквалификации. Словачка ни е добро позната, во неколку наврати имаме играно и имаме позитивен скор, се надевам дека така и ќе продолжи. Данска и Норвешка можеби не звучат атрактивно, но не може да се потценат, затоа што денес сите играат кошарка. Одиме чекор по чекор и се надевам на позитивен исход. Секој играч ни е добредојден напомош за овие предизвици“.

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе