Соопштение на претседателот на КФСМ, Перо Антиќ

КФСМ потврди, кошаркарската сезона почнува на 31. октомври

Кошаркарската федерација на Македонија, соопшти дека првото коло од новата сезона ќе се игра одигра на 31. октомври. 

Сезоната во кошаркарската лига се пролонгираше поради позитивни случаи во клубовите, не се знаеше кога ќе почне. КФСМ конечно денеска излезе со соопштение за почетокот и одредени детали кои треба да ги применуваат клубовите.
 
„Раководејќи се според актуелниот здравствен и безбедносен билтен кај клубовите од Прва лига-мажи, и имајќи го во предвид фактот дека екипите кај кои беа забележани позитивни тестирања од Ковид-19 не можеа да го реализираат во целост тренажниот процес пред 21. октомври, раководството на федерацијата одлучи првото коло од новата натпреварувачка сезона 2020/2021 да се одигра на 31. октомври.
 
Во таа насока, секој учесник во натпреварувањето пред почетокот на натпреварувањето е должен да потпише изјава-согласност со која ќе потврди дека ќе ги почитува општите мерки за превенција и заштита од Ковид-19 кои важат во делокругот на кошаркарскиот спорт, како и дека ќе ги почитува најавените протоколи за превенција и заштита од Ковид-19, од страна на надлежните државни органи и од страна на федерацијата. Вклучително и посебните мерки за превенција и заштита од Ковид-19 наложени од организаторот на натпреварувањата во рамките на федерацијата.
 
Федерацијата секојдневно ќе ја следи состојбата во нашата држава од здравствен аспект и во консултации со Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, по потреба ќе бидат донесени и дополнителни одлуки за почеток и реализација на понатамошниот тек на натпреварувањето.
 
Претседател на КФСМ
Перо Антиќ“, стои во соопштението.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе