Во Италија станува само потешко

Јакимовски од Торино: Неиздржливо е, никој не знае што носи следниот ден

19-годишниот македонски кошаркар, Андреј Јакимовски кој настапува за „Баскет Торино“, вели дека ситуацијата во Италија е многу тешка и никој не знае кога сето ова ќе заврши. 

Младиот Андреј Јакимовски е еден од македонските спортисти кој настапува во Италија. Тој во моментов живее во центарот на Торино во стан и како и сите други во оваа земја е во изолација. Излегува само до маркет и чека ситуацијата да се подобри.
 
„Искрено, како одминуваат деновиве, станува се потешко и потешко. Среќа е што ‘долу’ имаме маркет од каде можеме да се снабдуваме со оние основи продукти за нормално живеење, ако ова може да се нарече нормално“, вели Андреј Јакимовски за официјалниот сајт на КФСМ.
 
„Апсолутно никој не знае што носи следниот ден, а да не говориме за идните чекори на кошаркарски план. Еве веќе две недели и повеќе, не сум допрел топка, а ситуацијата е крајно непозната. Никој не знае ништо, особено за оној спортски дел, кога дали, што... Ние го завршивме регуларниот дел, останува да го доиграме плеј-офот, ако воопшто се игра. Прочитав некаде дека има 40.000 и повеќе, заразени луѓе во Италија, но има подготвеност првенствата да продолжат. Кога, не се знае... Катастрофа... Не знам како планираат да се продолжи со играњето. Но ова веќе не се издржува. Но, што е, тука е... Старите добро рекле, трпение-спасение. Само ова да не потрае предолго, не е добро за никој.“
 

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе