НБА

Индијана со звукот на сирената го победи Лејкерс (ВИДЕО)

Индијана со кош на 22-годишниот Ендру Нембхард во последната секунда победи на гостувањето кај Лос Анџелес Лејкерс со 116-115. 

Лејкерс во последната четвртина влегоа со водство од девет поени разлика 93-84, а потоа со серија од 8-0 зголемија на 101-84, се чинеше дека веќе е јасно кој ќе биде победникот, но кошаркарите на Индијана не мислеа така.
 
Почнаа да ја топат предноста на Лејкерс, го имаа и последниот напад, домаќините водеа со 115-113, кога резервистот Нембхард шутна во последната секунда и погоди за победа  на Индијана од 115-116.
Најдобар кај Индијана беше Халибартон со 24 поени, Метурин реализираше 23. Во составот на Лејкерс, Ентони Дејвис постигна 25 поени и имаше 13 скокови, Вестбрук даде 24 поени, а Леброн Џејмс 21.
 
 
Резултати:
 
Филаделфија - Атланта 104:101
Вашингтон - Минесота 142:127
Бостон - Шарлот 140:105
Бруклин - Орландо 109:102
Торотно - Кливленд 100:88
Њу Орлеанс - Оклахома 105:101
Денвер - Хјустон 129:113
Јута - Чикаго 107:114
Сакраменто - Феникс 117:122
ЛА Лејкерс - Индијана 115:116

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе