МЗТ Скопје како и Работнички, новата сезона во АБА 2 лигата ја стартуваше со пораз, за разлика од својот ривал, аеродромци беа рамноправен противник на Погорица.
Натпреварот беше изедначен во целиот тек, најголемото водство на мечот го имаше МЗТ Скопје кога поведе со седум поени разлика во третиот период 45:38.
Македонскиот тим со водство од пет поени влезе во последниот период но не успеа да го сочува. Во драматична завршница на крајот Подгорица победи со два поени разлика, 74:72.
Најефикасен во составот на МЗТ Скопје беше Бојиќ со 24 поени, Гочер постигна 21, а двоцифрен беше и Гарвет кој реализираше 14. Во составот на Подгорица, Мушиќ постигна 23.
Во второто коло МЗТ Скопје игра против Сутијеска, а Работнички со Подгорица. Двата меча се играат во четврток.