Евробаскет 2022

И Грција се збогува со Евробаскетот, Германија оди во полуфинале

Германија со 107-96 ја победи Грција и закажа полуфинале со селекцијата на Шпанија, Јанис Адетокумбо и соиграчите заминуваат дома. 

Грција е уште еден од фаворитите на Евробаскетот кој пред полуфиналето се елиминирани. Ова Европско првенство покажа дека и во кошарката веќе нема јасни фаворити.
 
Германија добро го почна мечот, имаше водство во текот на целата прва четвртина, но во вториот период Грција направи пресврт и на одморот замина со четири поени предност 61-57.
 
И во овој меч клучна беше третата четвртина во која Грците постигнаа само 10 поени, а Германија 26, па во последниот период влегоа со водство од 83-81 кое го одржаа до крајот и славеа убедлива победа од 107-96.
 
Најдобар во германската селекција беше Шрудер со 26 поени, Обст и Вагнер постигнаа по 19. Кај Грција убедливо најдобар беше Јанис Адетокумбо со 31 поен.
 
Германија во полуфиналето ќе игра против селекцијата на Шпанија.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе