НБА

Харден дебитираше со трипл-дабл во дресот на Бруклин и веднаш сруши рекорд (ВИДЕО)

Џејмс Харден имаше фантастично деби за Бруклин Нетс, постигна трипл-дабл во победата над Орландо од 122:115. 

Дебито на Џејмс Харден во дресот на Бруклин Нетс помина одлично, тие го победија Орландо со 122:115, а тој имаше учинок со кој собори рекорд.
 
Харден постигна 32 поени, имаше 12 скокови и 14 асистенции, со тоа тој стана првиот играч во историјата на НБА кој постигнал трипл-дабл со над 30 поени на деби меч со новиот тим.
Прв стрелец на мечот беше Кевин Дурент кој уфрли 42 поени. Во тимот на Орландо најрасположен беше Вучевиќ со 34 поени, десет скокови и седум асистенции.
 
 
Резултати:
 
Сан Антонио - Хјустон 103:91
Бруклин - Орландо 122:115
Торонто - Шарлот 116:113
Мемфис - Филаделфија 106:104
Мајами - Детроит 100:120
Портланд - Атланта 112:106

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе